Општина Кисела Вода: Дводневна бесплатна ревија на македонски филмови на отворено во Драчево
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 07 Август 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, упати покана до сите сограѓани за викенд-дружба посветена на домашната кинематографија.
Во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд во амфитеатарот на Домот на културата во Драчево ќе се одржи бесплатно кино на отворено, со почеток од 20:00 часот.
Кинопрограмата започнува во сабота, 8 август, со популарната комедија „Бал-Кан-Кан“ во режија на Дарко Митревски, во која настапува врвна актерска екипа предводена од Владо Јovановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Бранко Ѓуриќ.
Во недела, на 9 август, на репертоарот е историската драма „Трето полувреме“, инспирирана од вистински настани, со Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел и Раде Шербеџија во главните улоги.
Влезот за двете филмски вечери е слободен за сите заинтересирани посетители.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













