Општина Кисела Вода: Интензивна санација и уредување на детските игралишта и спортските терени низ населбите
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 06 Август 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше дека општинските служби интензивно работат на терен со цел целосно реновирање и санација на бројни детски игралишта, спортски терени и оштетена урбана опрема во сите населби.
Овие активности се преземаат со цел на жителите од сите генерации да им се обезбедат побезбедни, пофункционални и попривлечни катчиња за секојдневна игра, спорт и рекреација.
Во таа насока, од локалната самоуправа упатија апел до граѓаните за заедничка грижа и повисока свест кон зачувувањето на јавното добро, нагласувајќи дека само преку одговорно и совесно однесување новоуредените простори можат да останат долгорочно зачувани за сите посетители.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













