Општина Кисела Вода: Реализација на проектот „Топлотен бран“ и делење освежување за граѓаните на отворено

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше за теренските активности во рамките на проектот „Топлотен бран“, кој се реализира преку Секторот за месна самоуправа во соработка со општинскиот Црвен крст.

 

Мобилните тимови составени од администрацијата, Црвениот крст и стручно медицинско лице ги посетија најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината.

 

Во текот на акциите на граѓаните им беа делени шишиња со ладна вода за полесно справување со високите температури, а мобилните екипи понудија и медицински совети, прва помош и безбеден транспорт за најранливите категории.

 

Градоначалничката упати апел до сите жители внимателно да ги следат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплиот дел од денот и редовно да се хидрираат.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.