ЕВН најави исклучување на струјата во дел од Драчево

Поради зафат во електродистрибутивната мрежа, денеска (5 август) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во скопската населба Драчево.

Според информациите од ЕВН, прекинот ќе ги опфати потрошувачите на улиците „Малешевска“ и „Иван Хаџиниколов“ во Општина Кисела Вода.

Планирано е прекинот во снабдувањето со електрична енергија да трае од 09:00 до 13:00 часот.

Од ЕВН информираат дека прекинот е поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.