Стаменкоска-Трајкоска: Продолжува акцијата за отстранување хаварисани возила во Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода продолжува акцијата за отстранување на хаварисани и неупотребливи возила од јавните површини, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаната средина, информира градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

 

Како што соопшти, општинските инспектори, во соработка со лиценцирана компанија за постапување со отпадни возила, спровеле акција на повеќе локации низ општината.

 

Според податоците на инспекторатот, од почетокот на активностите се поведени инспекциски постапки за повеќе од 100 возила, согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

 

Стаменкоска-Трајкоска посочи дека најголем дел од возилата биле отстранети од самите сопственици по добивањето на известувањата од инспекциските служби, додека денешната акција била насочена кон возилата чии сопственици не ги испочитувале издадените опомени и законските рокови.

 

Според неа, со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат дополнителни паркинг-места и се подобрува проодноста на јавните површини.

 

Таа упати апел до граѓаните да не оставаат стари и неупотребливи возила на јавните паркиралишта и тротоари, најавувајќи дека акцијата ќе продолжи и во наредниот период во сите населби на територијата на општината.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.