Општина Кисела Вода отвори пријавување за штети од невремето
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 23 Јули 2026
Општина Кисела Вода започна постапка за евидентирање и обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го зафати Скопје на 21 јули.
По координацијата со Град Скопје, во општината е формирана комисија која ќе излегува на терен и ќе ја утврдува фактичката состојба.
Пријавувањето на штетите е првиот чекор во постапката за проценка и евентуално обесштетување, која ќе се реализира во соработка со надлежните институции.
Граѓаните можат да поднесат барања преку образец што е достапен во архивата на Општина Кисела Вода, како и електронски преку официјалната веб-страница на општината.
Пополнетите барања со потребната документација се доставуваат во архивата на општината секој работен ден од 8 до 16 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.
Заедно со пријавата, граѓаните треба да приложат копија од личен документ, доказ за сопственост на имотот, фотографии од настанатите оштетувања и записник од Министерството за внатрешни работи за пријавената штета.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, апелираше граѓаните навремено да ги достават барањата, со цел проценката на штетите да се спроведе побрзо и поефикасно.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













