Карпош и Витина отвораат ново поглавје во прекуграничната соработка

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, одржа работна средба со градоначалникот на Витина, Сокол Халити, на која се разговараше за конкретни можности за идно партнерство и заедничко настапување пред европските фондови.

 

Посебен акцент беше ставен на прекуграничните програми и јавните повици преку кои двете општини би можеле заеднички да реализираат проекти од значење за локалното население.

 

Како области со потенцијал за соработка беа издвоени заштитата на животната средина и развојот на туризмот.

 

Во рамки на средбата беа разменети искуства поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, надлежностите на општините и можностите за воспоставување долгорочни партнерства.

 

Заедничкото користење на искуствата, ресурсите и потенцијалите може да придонесе за создавање нови проекти, одржлив локален развој и подобри услови за граѓаните.

 

Со ваквите партнерства, Карпош ги проширува можностите за повлекување европски средства и за реализација на проекти со конкретни придобивки за заедницата.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.