Општина Карпош: Ново детско игралиште и современи реквизити во Козле преку донација од бизнис-заедницата

Општина Карпош информира дека детското игралиште лоцирано на улицата „Стрезово 9“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски Питу“ – сместено помеѓу Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ и просториите на урбаната заедница – наскоро ќе биде опремено со нови реквизити.

 

Со овој зафат се обезбедува создавање поубав, побезбеден и поквалитетен простор за игра, дружење и рекреација на најмладите жители во населбата Козле.

 

Проектот се реализира откако Советот на Општина Карпош ја прифати донацијата од општествено одговорната компанија „Лапласт-М ДООЕЛ Скопје“.

 

Од локалната самоуправа нагласуваат дека ваквите успешни партнерства со бизнис-заедницата продолжуваат и во иднина, со цел заедничко градење на похумана, уредна и поддржувачка средина за сите граѓани.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.