Започна реконструкцијата на улицата „Софиска“ во Тафталиџе 2

Во скопската населба Тафталиџе 2 започна реконструкцијата на улицата „Софиска“, проект со кој треба да се подобрат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

 

На почетокот на градежните работи увид на терен извршија премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски.

 

Реконструкцијата ќе опфати делница долга околу 410 метри.

 

Предвидено е поставување нов асфалтен слој, санација и замена на рабниците и долниот строј, како и обновување на постојните бехатонски коцки на тротоарите.

 

Инвестицијата е вредна 17.596.396 денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени со финансиска поддршка од Владата преку Министерството за транспорт.

 

Од Општина Карпош очекуваат со реализацијата на проектот да се подобрат безбедноста, функционалноста и квалитетот на инфраструктурата за жителите на Тафталиџе 2.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.