Поставен камен-темелник за нова повеќенаменска спортска сала во ОУ „Братство“ во Општина Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 04 Септември 2026
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и градоначалникот Сотир Лукровски денес го поставија камен-темелникот за изградба на нова повеќенаменска спортска сала во склоп на основното училиште „Братство“ во Општина Карпош.
Станува збор за капитална инвестиција во вредност од 64 милиони денари, обезбедени од Владата преку јавниот повик за финансирање на општински проекти.
Министерката Јаневска истакна дека во моментов ширум државата се реализираат околу 70 инфраструктурни проекти во образовниот сектор.
Новата спортска сала се простира на 1.400 квадратни метри и е опремена со трибина од 400 седишта, што покрај редовните училиштни активности ќе овозможи и нејзино користење за комерцијални цели, официјални натпревари, тренинзи и културни манифестации.
Таа нагласи дека паралелно се работи и на проширување на капацитетите во ОУ „Димо Хаџи Димов“ и наскоро во ОУ „Петар Поп Арсов“, со цел создавање услови за целосно воведување едносменска настава и квалитетен образовен процес.
Фото извор: https://mon.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













