Нова атмосферска канализација на улицата „Волгоградска“ во Карпош 4

Општина Карпош започна со изградба на нова атмосферска канализација во должина од 60 метри на улицата „Волгоградска“ во Карпош 4, со цел подобро и поефикасно одведување на атмосферските води.

 

Проектот ќе придонесе за подобрување на инфраструктурата и поголема функционалност на уличната мрежа, а средствата за неговата реализација се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош.

 

Од Општината посочуваат дека инфраструктурните инвестиции продолжуваат со цел создавање побезбедни и поквалитетни услови за живот на жителите.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.