Општина Карпош постави нови хидрофори во две основни училишта

Општина Карпош продолжува со инвестиции во подобрување на условите и безбедноста во основните училишта, со поставување нови хидрофори во ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци и ООУ „Владо Тасевски“ во Козле.

 

Со оваа инвестиција се подобрува функционирањето на хидрантската и водоводната мрежа во двата училишни објекта, со што се зајакнува и нивната безбедносна инфраструктура.

 

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, во согласност со годишната програма на Одделението за заштита и спасување.

 

Од Општината најавуваат дека во наредниот период вакви активности ќе бидат реализирани и во преостанатите осум основни училишта, со цел целосно унапредување на хидрантско-водоводната инфраструктура.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.