Општина Карпош: Вонредни инспекциски контроли на урбаната опрема кај угостителските објекти

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со редовни и вонредни теренски контроли, особено во вечерните часови, со цел заведување ред во јавниот простор.

 

Во фокусот на инспекторите беа угостителските објекти и проверка на поставената урбана опрема.

 

При надзорите биле констатирани неправилности кај неколку локали, при што е изречена една глоба за правен субјект и се издадени неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.

 

Општината упати апел до сопствениците доследно да ги почитуваат законските прописи, нагласувајќи дека инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.