Општина Карпош: Продолжуваат субвенциите за возачка дозвола за млади – досега исплатени над 3,4 милиони денари
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 03 Август 2026
Општина Карпош продолжува со реализација на мерката за субвенционирање на млади лица за теоретска и практична обука за полагање возачка дозвола од Б категорија, за што во општинскиот буџет се обезбедени вкупно 5.000.000 денари.
Досега се поднесени 264 барања, при што 216 млади лица веќе ја завршиле целосната постапка, а за нив се исплатени 3.445.048 денари.
Јавниот повик останува отворен до крајот на 2026 година, односно сè до исцрпување на предвидените финансиски средства, со што младите жители на Карпош сè уште имаат можност да аплицираат и да ја искористат оваа мерка.
Дополнителни информации и формуларот за аплицирање се достапни на следниот линк.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













