Општина Карпош вложува во подобрување на условите во ООУ „Лазо Трповски“

Општина Карпош продолжува со активности за унапредување на училишната инфраструктура и создавање подобри услови за учениците во основните училишта на својата територија.

 

Во ООУ „Лазо Трповски“ се реализираат активности за обновување и уредување на училниците, а предвидена е и набавка на нов училишен мебел, како и поставување современи интерактивни панели кои треба да придонесат за модернизирање на наставниот процес.

 

Паралелно со подобрувањето на условите за настава, во училиштето се работи и на спортската инфраструктура. На спортското игралиште се заменети старите и оштетени даски на трибините за фудбалското и кошаркарското игралиште со нови.

 

Од Општина Карпош посочуваат дека вложувањата во образованието, спортот и создавањето квалитетна средина за развој на најмладите остануваат меѓу приоритетите во нивната работа.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.