Општина Карпош продолжува со расчистување на последиците од невремето

Општинските служби на Карпош продолжуваат со активности за расчистување и санирање на последиците предизвикани од невремето на терен, информираат од локалната самоуправа.

 

Екипите се ангажирани на улицата „Никола Русински“, каде што работат на отстранување на последиците и враќање на нормалната состојба на просторот.

 

Од Општина Карпош посочуваат дека активностите ќе продолжат и во текот на викендот, со цел проблемите предизвикани од невремето да бидат отстранети во најброк можен рок.

 

Општината упати благодарност до службите и екипите кои се вклучени во расчистувањето за нивниот ангажман и посветеност.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.