Општина Карпош: Во функција услугата „Итно копче“ за грижа и сигурност на осамените стари лица

Општина Карпош, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, ја нуди услугата „Итно копче“, наменета за жители на возраст над 65 години кои живеат сами или со сопружник со нарушена здравствена состојба.

 

Преку оваа алатка, корисниците со едно притискање можат да стапат во контакт со обучен оператор за добивање брзи насоки, прва помош во домот или транспорт до надлежна здравствена институција.

 

Заинтересираните граѓани можат да се пријават на телефонскиот број 02/15330, а поради ограничениот број на уреди, изборот на корисниците се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“, со што локалната самоуправа обезбедува поголема поддршка и грижа за највозрасната категорија жители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.