Општина Карпош продолжува со финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња и посвоени деца
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 31 Јули 2026
Општина Карпош продолжува со реализација на мерките за финансиска поддршка на семејствата со новородени и посвоени деца, со цел олеснување на трошоците за младите родители и подобрување на грижата за најмалите.
Од општината информираат дека до средината на јули биле поднесени околу 140 барања за користење на предвидените мерки. Од нив, 95 барања се одобрени за доделување вредносен ваучер во износ од 3.000 денари за новородено или посвоено дете.
Дополнително, 30 семејства добиле одобрение за еднократна парична помош во висина од 8.000 денари, согласно утврдените критериуми и услови за користење на мерката.
Од Општина Карпош најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со поддршка на семејствата преку конкретни мерки насочени кон младите родители и децата.
Од локалната самоуправа посочуваат дека грижата за семејството и создавањето подобри услови за најмладите остануваат меѓу приоритетите во работата на општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













