Средба меѓу градоначалникот Лукровски и архиепископот г. г. Стефан: Во фокусот духовните вредности и верските објекти во Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 30 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари средба со архиепископот г. г. Стефан, на која се разговараше за улогата на верата и духовните вредности во секојдневниот живот, како и за нивното значење во развојот на локалната заедница.
Една од главните теми на разговор беше изградбата на храмот „Христос Спасител“ во населбата Карпош 4, при што беше нагласена и важноста од изградбата и грижата за верските објекти на територијата на општината.
На средбата беше истакнато дека храмовите претставуваат места кои го поттикнуваат духовниот живот, ја негуваат традицијата и придонесуваат за зацврстување на заедништвото меѓу граѓаните.
Од Општина Карпош посочуваат дека верските и духовните објекти се значаен дел од културното и духовното наследство и имаат важна улога во животот на локалната заедница.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













