Општина Карпош: Отворен е рок за пријавување на штети од невремето на 21 јули
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 29 Јули 2026
Општина Карпош објави соопштение за прифаќање барања за надомест на материјална штета за граѓаните чии имоти беа зафатени од силното невреме на 21 јули 2026 година.
Постапката се спроведува во соработка со Владата и Град Скопје, а образецот може да се подигне во општинската архива или да се преземе преку соодветниот линк.
Пополнетите барања, заедно со задолжителната документација (лична карта, имотен лист, фотографии од штетата и записник од МВР), се поднесуваат во архивата на општината секој работен ден од 7:30 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на невремето.
Од општината информираат дека оние граѓани кои веќе поднеле пријави наредниот период ќе бидат контактирани за дополнување и усогласување на документацијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













