Општина Карпош и „Водовод и канализација“ чистат шахти и канализациона мрежа во Злокуќани

Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со активностите за чистење и одржување на канализационата инфраструктура.

 

Екипите денеска работеа на улица „Скупи“ во Злокуќани, каде се расчистуваа шахти, сливници и фекална канализација за подобра проточност на системот.

 

На терен беа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на претпријатието, Иван Митровски, кои ја нагласија важноста од координираното делување.

 

Лукровски истакна дека општината останува посветена на решавање на проблемите на граѓаните, а активностите за одржување на мрежата продолжуваат и утре во Нерези.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.