Општина Карпош продолжува со расчистување на последиците од невремето

Екипите на Општина Карпош и денес се ангажирани на терен во санирање на штетите предизвикани од неодамнешното невреме, кое остави значителни последици во повеќе делови од општината.

 

Во тек се активности за расчистување на паднати дрвја, отстранување на оштетени елементи од објекти и санирање на други оштетувања, со цел јавните површини што побрзо повторно да бидат безбедни и функционални за граѓаните.

 

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, истакна дека службите работат со засилена динамика и добра координација за што поскоро да се нормализира состојбата.

 

Тој нагласи дека приоритет останува безбедноста на граѓаните и враќањето на нормалното функционирање на јавниот простор, притоа заблагодарувајќи им се на жителите за трпението и разбирањето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.