Шаховско утро на платото „Млечен“: Општина Карпош го одбележа Меѓународниот ден на шахот
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 20 Јули 2026
По повод Меѓународниот ден на шахот, на платото „Млечен“ се одржа манифестацијата „Шаховско утро“, која собра љубители на оваа древна игра од различни генерации на пријателски партии и дружење.
Настанот ја потврди популарноста на шахот како дисциплина што ги поттикнува стратегиското размислување, концентрацијата и меѓусебната почит меѓу граѓаните.
На собирот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заигра со присутните и ја нагласи важноста од поддршката за рекреативните активности што ги обединуваат жителите.
Тој потсети дека Општината неодамна постави пет нови шаховски табли низ Карпош со цел да се поттикне овој спорт особено кај младата генерација.
Лукровски најави дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи со инвестиции во содржини кои ги мотивираат граѓаните на поактивно и поздраво поминување на слободното време.
Општина Карпош останува посветена на создавање услови за промоција на спортот и меѓусебното дружење достапни за сите возрасни групи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













