Општина Карпош организира „Шаховско утро“ по повод Меѓународниот ден на шахот

По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош на 20 јули ќе организира „Шаховско утро“ на платото „Млечен“. Настанот ќе започне во 9 часот и е наменет за сите љубители на шахот, без разлика на возраста или нивото на искуство.

 

Целта на настанот е да се промовира шахот како игра што ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, но и да поттикне дружење и меѓугенерациска соработка.

 

На заедничкото одбележување на Меѓународниот ден на шахот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

 

Од Општина Карпош ги повикуваат децата, младите, возрасните и пензионерите да се приклучат на шаховското дружење и заедно да го одбележат овој ден.

 

Посочуваат дека преку ваквите активности продолжуваат да ги промовираат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во локалната заедница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.