Денеска без струја делови од Бутел, Петровец, Студеничани и Карпош

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска, 10 септември, без електрична енергија во различни периоди ќе останат корисници во повеќе скопски населби и општини.

Во Бутел – Радишани, прекинот е планиран од 08:00 до 14:00 часот на улицата „Радишанска Лево“, првата отцепна улица по ТС „Бел Камен 2“.

Во Петровец, дел од улица 1 кај „Кипер маркет“ и улица 5 ќе бидат без струја од 08:00 до 15:00 часот.

Во Студеничани, дел од селото до „Кувајт Петрол“ ќе има прекин од 08:30 до 14:00 часот.

Во Карпош, без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците на улиците „Партизанска 2“, „Ванчо Мицов“ и „Демир Трајко“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.