Посебен сообраќаен режим вечерва кај Арената „Тодор Проески“
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 08 Септември 2026
Поради музичкиот настан по повод 8 Септември, вечерва од 19 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Од СВР Скопје информираат дека посебниот режим ќе важи на приодите кон арената и долж булеварот „Илинден“. Целта е да се обезбеди непречено одвивање на настанот и безбедност на присутните граѓани.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната регулатива и да ги следат насоките и наредбите на полициските службеници на терен.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













