Ѓорѓиевски: Наша должност е да изградиме посилна и просперитетна Македонија
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 08 Септември 2026
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија.
Ѓорѓиевски потсети дека на 8 септември 1991 година граѓаните на референдум ја потврдија волјата за независна и суверена држава, оценувајќи го тој чин како круна на вековниот стремеж за сопствена држава.
Тој порача дека низ историските предизвици најголемата сила на македонскиот народ била единството и истрајноста.
„Наша должност е достоинствено, сплотено и со силно чувство за сопствената држава да изградиме посилна, поуспешна и просперитетна Македонија“, порача Ѓорѓиевски.
Во честитката тој нагласи дека на идните генерации треба да им се остави здрава, стабилна и достоинствена држава.
„Да живее независна и суверена Македонија! Македонијо, ќе бидеш вечна и вековита!“, порача Ѓорѓиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















