Водовод Скопје: Водата за пиење во Скопје е безбедна

Водата за пиење од водоснабдителниот систем на Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од Секторот за санитарна контрола на 7 септември биле земени 42 примероци од водоводната мрежа во Скопје, кои биле испитани во рамки на редовниот дневен мониторинг на квалитетот и безбедноста на водата.

На примероците е извршена физичко-хемиска и микробиолошка анализа во акредитираните лаборатории на Секторот за санитарна контрола.

Според добиените резултати, сите 42 примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од „Водовод и канализација“ посочуваат дека мониторингот се спроведува согласно важечките прописи и стандарди за контрола на квалитетот на водата за пиење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.