Започна ослободувањето на трасата за мостот „Генерал Михајло Апостолски“
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 05 Септември 2026
Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Според него, по истекот на рокот за иселување на семејствата чии имоти беа опфатени со завршената експропријација, создадени се услови за продолжување на активностите кон отворање на мостот.
Ѓорѓиевски посочува дека мостот со години бил нефункционален и претставувал симбол на застојот во реализацијата на проектот. Тој најави дека мостот треба да ја поврзе Гази Баба со Аеродром, да го олесни сообраќајот и да го намали времето на патување низ градот.
Градоначалникот потсетува дека при преземањето на функцијата ветил дека проблемот ќе биде решен во текот на неговиот четиригодишен мандат, додавајќи дека за помалку од една година е направен, како што вели, „решителен чекор“ кон исполнување на ветувањето.
Како клучен предизвик тој ја посочува експропријацијата, додека паралелно продолжува постапката за преостанатиот дел од трасата на булеварот, со цел целосно завршување на сообраќајната врска.
Ѓорѓиевски изрази благодарност до семејствата опфатени со експропријацијата за нивното разбирање и постигнатите договори.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













