Мостот на Маркова Река од денеска повторно во функција, санацијата завршена пред рокот
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 05 Септември 2026
Јавното претпријатие за државни патишта информира дека санацијата на мостот на Маркова Река на регионалниот пат Р1106 е завршена пред предвидениот рок.
Мостот од денеска, 5 септември 2026 година, повторно ќе биде во целосна функција, што ќе им го олесни движењето на жителите на Драчево, Зелениково, Батинци и околните населени места.
Во рамки на санацијата е извршена реконструкција на горниот строј на мостот, со отстранување на постојните дилатациони фуги, сливници, асфалт и тротоари. Поставена е нова бетонска плоча и хидроизолација, извршено е ново асфалтирање, изградени се тротоари со рабници и санирана е парапетната греда.
Работите ги изведуваше „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, с. Бразда, а надзорот го вршеше „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата се обезбедени од буџетот на ЈПДП, а вредноста на санацијата изнесува 4.619.800 денари без ДДВ.
Од ЈПДП посочуваат дека се грижат за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1.100 мостови на државните патишта во земјава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













