Град Скопје: Извршен увид во завршните подготовки пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во завршните подготвителни активности пред официјалниот почеток на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“.

 

Во рамките на првата фаза, капиталниот инфраструктурен проект ќе се реализира на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до булеварот „Босна и Херцеговина“.

 

Новата сообраќајница е проектирана како современо решениe со четири сообраќајни ленти — по две во секоја насока, средишно и заштитно зеленило, велосипедски патеки во двата правци и нови уредени тротоари.

 

Проектот опфаќа и изградба на нова атмосферска канализација, модерно улично осветлување, како и посебни проширувања кај автобуските стојалишта.

 

Ѓорѓиевски истакна дека со овие зафати се зголемува безбедноста, се подобрува сообраќајната мобилност и се креира нов урбан простор во рамките на рамномерниот развој на сите скопски општини. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.