Водата во Скопје безбедна за пиење, покажале 42 анализирани примероци
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 04 Септември 2026
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на прописите за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во текот на 3 септември, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа во Скопје, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
Примероците се анализирани во акредитирани лаборатории, при што се вршат физичко-хемиски и микробиолошки испитувања согласно важечкиот Правилник за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење и стандардот ISO 17025:2018.
Според добиените резултати, сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на Скопје се во согласност со пропишаните стандарди.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













