ЈП „Паркови и зеленило“: Обновени клупите на Плоштад Македонија за поуреден и пријатен јавен простор

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје извршија заштита и бојадисување на клупите на Плоштад Македонија во централното градско подрачје, со што значително се подобрува изгледот и уреденоста на јавниот простор.

 

Од претпријатието посочуваат дека овие зафати се дел од редовните активности за одржување на урбаните елементи, чија цел е да се создаде попријатна, почиста и функционална средина за сите граѓани и посетители на главниот град.

 

Воедно, оттаму нагласуваат дека акциите за одржување, уредување и разубавување на зелените површини и јавните пространства продолжуваат со исто темпо и во наредниот период низ сите скопски населби.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100057347475587

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.