Град Скопје: Промовирани новите возила за комунална хигиена со поддршка од Светската банка за трајно решавање на проблемот со сметот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и заменик-претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, официјално ги промовираа новите возила за комунална хигиена обезбедени преку проект реализиран со поддршка од Светската банка.

 

Ѓорѓиевски истакна дека со ова значајно се зајакнуваат капацитетите за одржување на јавната хигиена, што ќе овозможи побрзо, поефикасно и поредовно собирање на отпадот и почисти улици низ сите скопски населби.

 

Градоначалникот нагласи дека чистотата на главниот град е секојдневна обврска и дека со обновената механизација му се става крај на долгогодишниот проблем со сметот.

 

Покрај возилата обезбедени преку Светската банка, Град Скопје со сопствени средства набавува и дополнителни специјализирани возила, како и повеќе од 3.300 нови контејнери за кои постапката е во завршна фаза.

 

Ѓорѓиевски упати и огромна благодарност до премиерот Мицкоски и министерот Николоски за досегашната најголема институционална поддршка што ја добила локалната самоуправа.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/1OrceGj





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.