Мицкоски за новиот градски воз: Европски услови за патување и конкретни резултати кои го градат владиниот кредибилитет
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 02 Септември 2026
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати благодарност до сите институции, министерства, железнички претпријатија и градоначалници кои учествуваа во брзата реализација на проектот за градскиот воз на релацијата Зелениково – Скопје.
Тој истакна дека за само една година е креирано решение со навистина европски услови за патување, кое ќе помогне во решавањето на транспортните предизвици и намалувањето на загадувањето во пресрет на грејната сезона.
Мицкоски потенцираше дека преку конкретни и реализирани проекти се стекнува кредибилитет и се менува перцепцијата за државата и институциите.
Тој најави дека власта продолжува со истата динамика и во иднина, додавајќи дека жителите на Зелениково и Скопје веќе имаат корист од модерна, брза и ефикасна врска.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













