Планирани прекини на струја во делови од Чаир, Карпош и Центар

Неколку локации во Скопје денеска, 2 септември, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Во општина Чаир, поради зафат на нисконапонската мрежа, без напојување од 08:00 до 15:00 часот ќе останат дел од улицата Битпазарска, односно објектите околу хотел „Аен“.

Во општина Карпош, прекин на електричната енергија е предвиден од 09:00 до 11:00 часот за дел од потрошувачите на улицата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Влае.

Во општина Центар, без напојување од 09:00 до 14:00 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Герман“ и „Железничка“.

Од надлежните служби апелираат граѓаните навреме да ги планираат активностите во периодите на прекин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.