Водата за пиење во Скопје безбедна, потврди дневниот мониторинг
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 02 Септември 2026
Сите анализирани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на пропишаните стандарди за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во текот на 1 септември, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 43 примероци од водоводната мрежа во Скопје, од кои пет биле од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
На примероците се вршат физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитирани лаборатории, согласно важечките правилници и стандарди за контрола на квалитетот на водата за пиење.
Според добиените резултати, сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на Скопје се во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













