Град Скопје: Средните училишта со нови лаборатории, паметен пластеник и спортски терени за почеток на учебната година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод првиот училишен ден ги посети средните училишта во кои во текот на летниот период беа реализирани значајни реконструкции и опремувања со современи дидактички помагала, интерактивна технологија и нов училиштен мебел.

 

Во училиштата се уредени нови кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија, со што на наставниот процес му се дава практична и експериментална димензија наместо исклучиво теоретско изучување.

 

Како дел од иновативниот пристап во образованието, изграден е и „паметен пластеник“ – современа училишна лабораторија опремена со сензори, микроконтролери и автоматски системи за наводнување и агростаница, каде учениците практично ќе ги изучуваат земјоделските процеси и технологијата.

 

Дополнително, за поддршка на здравјето и спортот меѓу младите, изградени се и нови, современи спортски терени во средните училишта.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/1OrceGj?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.