„Лена и Владимир“ вечерва под отворено небо во Ѓорче Петров
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 09 Септември 2026
Во рамките на филмската вечер, публиката ќе го проследи македонскиот игран филм „Лена и Владимир“, во кој главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска.
Филмот, кој е препознаен и на меѓународната сцена, е награден со признание за најдобар филм на фестивал во Ајова, САД.
Проекцијата е закажана за вечерва, 9 септември, со почеток во 20 часот, а Реонскиот парк ќе биде претворен во импровизирано кино под отворено небо.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги повика граѓаните да бидат дел од филмската вечер и да уживаат во кино-проекција во поинаква, летна атмосфера.
Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













