Општина Ѓорче Петров: Зајакната соработка со СОС Детско село за поддршка на семејствата и превенција од врсничко насилство
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 04 Септември 2026
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, на која беше разгледана соработката за зајакнување на семејствата, унапредување на позитивното родителство и развој на згрижувањето како клучен сегмент во заштитата на децата.
На средбата се разговараше за конкретни активности насочени кон превенција од семејно и врсничко насилство, со цел создавање сигурна и заштитена средина за децата и младите во училиштата и семејниот дом.
Стојкоски истакна дека целта на локалната самоуправа е навремено препознавање на предизвиците со кои се соочуваат семејствата, со цел институциите да пружат навремена помош и семејствата да не останат сами во решавањето на проблемите.
Преку имплементација на програми за поддршка, општина Ѓорче Петров продолжува да се развива како општина која се грижи за безбедното детство и иднината на најмладите.
Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













