Нов локален пат од 800 метри меѓу Волково и Кисела Јабука
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 21 Август 2026
Целосно е асфалтиран нов локален пат во должина од 800 метри, кој ги поврзува Волково и Кисела Јабука, информира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Со изградбата на новата сообраќајна врска, жителите на овие населени места добиваат подобри услови за движење и поврзување.
Од Општината посочуваат дека проектот е дел од активностите за подобрување на локалната инфраструктура и создавање подобри услови за живот на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













