Општина Ѓорче Петров: Започнува целосна реконструкција на улица „44“ и нејзините краци во населбата Кисела Јабука

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше за почетокот на нов инфраструктурен проект кој опфаќа целосна реконструкција на улица „44“ заедно со нејзините краци во населбата Кисела Јабука.

 

Со овие градежни зафати се продолжува со секојдневните активности за подобрување на патната мрежа и условите за живот во сите населени места низ општината.

 

Како што нагласи првиот човек на локалната самоуправа, инвестициите во инфраструктурата остануваат висок приоритет со цел обезбедување на современи, функционални и безбедни сообраќајници за сите граѓани.

 

Проектот во Кисела Јабука е дел од планското уредување на маалата и решавањето на потребите на жителите на Ѓорче Петров.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.