Општина Ѓорче Петров: Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ за здрав развој и побогата училишна спортска инфраструктура

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека во ООУ „Мирче Ацев“ е пуштена во употреба нова современа фитнес зона, реализирана со поддршка на Министерството за транспорт и врски.

 

Овој проект претставува една од трите нови вежбални на отворено кои се изградени со цел да се обезбедат поквалитетни услови за спорт, рекреација и правилен физички развој на учениците и младите.

 

Локалната самоуправа продолжува со континуирани инвестиции во развојот на спортската инфраструктура низ сите населби, преку изградба на нови терени, калистеника зони и целосна ревитализација на постојните спортски капацитети.

 

Градоначалникот нагласи дека приоритет на општината останува создавањето здрави генерации и обезбедување достапни спортски содржини за секој граѓанин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.