Општина Ѓорче Петров: Акција преку Комуналниот пункт за бесплатно подигање кабаст и електронски отпад директно од домови

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, најави интензивирање на мерките за заштита на животната средина и спречување на создавањето диви депонии преку активна работа на општинскиот Комунален пункт.

 

Оваа услуга им овозможува на граѓаните едноставно и организирано да се ослободат од непотребните работи, со директно преземање на отпадот од нивните домови по претходна телефонска пријава на бројот 070 298 508.

 

Акцијата опфаќа собирање на кабаст отпад, стар мебел, бела техника, како и електричен и електронски отпад кој не смее да се одлага во стандардните комунални контејнери.

 

Градоначалникот Стојкоски нагласи дека чистата и уредена општина се гради со конкретни решенија и секојдневна посветеност, а преку продолжување на ваквите комунални услуги локалната самоуправа останува сигурен партнер на граѓаните во создавањето поздрава животна средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.