Општина Ѓорче Петров: Стартува иновативен енергетски проект за поставување фотоволтаици на сите основни училишта
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 04 Август 2026
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, најави почеток на реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија во државата.
Проектот се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство, без никаков дополнителен финансиски товар за општинскиот буџет, а општинската управа ќе остварува 18% од приходите генерирани од производството на струја.
Во рамките на иницијативата, фотоволтаични системи ќе бидат поставени на покривите на сите седум општински основни училишта.
Со ова се создаваат енергетски поефикасни образовни институции, се производи чиста енергија и се обезбедува нов извор на приходи кои повторно ќе се инвестираат во проекти во интерес на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













