Општина Ѓорче Петров: Поставена нова сообраќајна сигнализација и забавувачи на брзината кон црквата „Св. Архангел Гаврил“

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека целосно е комплетирано уредувањето на патниот правец што води кон црквата „Св. Архангел Гаврил“.

 

На делницата е поставена нова хоризонтална сообраќајна сигнализација и забавувачи на брзината со цел зголемување на безбедноста.

 

Стојкоски нагласи дека реализираните мерки обезбедуваат посигурен и поквалитетен пристап за сите жители, посетители и верници, потврдувајќи дека инвестициите во побезбедна сообраќајна инфраструктура остануваат врвен приоритет на локалната самоуправа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.