Општина Ѓорче Петров обезбеди 2,72 милиони денари за културни проекти во 2026 година

Општина Ѓорче Петров ќе инвестира 2.720.000 денари во реализација на културни проекти во текот на 2026 година, преку Јавниот повик за финансиска поддршка на иницијативи од областа на културата.

 

Со овие средства ќе се овозможи организација на разновидни настани наменети за граѓаните од сите возрасти.

 

Во програмата се предвидени концерти, театарски претстави, кино проекции на отворено, изложби, креативни работилници, базари и други културни содржини кои ќе се реализираат на повеќе јавни локации низ општината.

 

Градоначалникот Александар Стојкоски истакнува дека и во 2026 година фокусот останува на збогатување на културниот живот во Ѓорче Петров, со активности што ќе ги исполнат јавните простори со уметност, музика, креативност и можности за дружење меѓу граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.