Дел од Ѓорче Петров и околните улици без вода поради дефект

Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во Ѓорче Петров и околните улици поради уличен дефект на водоводна цевка.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека на 29 јули 2026 година е регистриран дефект на водоводна цевка со профил Ф200 мм на улицата „Ѓорче Петров“, на крстосницата со булеварот „Македонска Војска“.

Поради интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“.

Прекинот на водоснабдувањето е од 07:40 часот, а ќе трае до завршување на работните активности.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје велат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на интервенцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.