Јавниот повик за финансиска поддршка за полагање возачки испит во Ѓорче Петров останува отворен

Младите жители на Општина Ѓорче Петров кои ги исполнуваат условите сѐ уште имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка за полагање возачки испит, информира градоначалникот Александар Стојкоски.

 

Тој посочува дека јавниот повик е сѐ уште активен и ги повикува сите заинтересирани да поднесат барање и да ја искористат мерката, која има за цел да им помогне на младите полесно да го стекнат правото за управување со моторно возило.

 

Според Стојкоски, преку оваа иницијатива Општина Ѓорче Петров продолжува да вложува во младите, овозможувајќи им поголема самостојност и подобри можности за образование, вработување и секојдневно функционирање.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.