Општина Ѓорче Петров обезбедува бесплатни ранци, училишен прибор, парична поддршка и ужинка за секое прваче
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 24 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека за секое прваче во општината се обезбедени бесплатен ранец со прибор, финансиска поддршка и бесплатна училишна ужинка.
Општината продолжува со оваа поддршка со цел да им се олесни првиот чекор во училишните клупи на најмладите, обезбедувајќи им еднаков почеток и безгрижни училишни денови преку бесплатни ранци, комплетен училишен прибор, финансиски средства и бесплатна ужинка.
Преку овие мерки, локалната самоуправа инвестира во образованието со цел да изгради подобра иднина за сите деца.
Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













